Search

Орбан: Помош за Украина да, но надвор од буџетот на ЕУ

Помошта за Украина во борбата против рускиот напад не треба да му наштети на буџетот на Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија се противи на намерата да се насочат 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ за помош на Киев и обезбедување пари за други задачи, како што е борбата против илегалната миграција.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат на 1 февруари на самит за да разговараат за ова прашање.

-Ако сакаме да и помогнеме на Украина, што мислам дека треба, тоа мора да го направиме на начин што нема да му наштети на буџетот на ЕУ. Но, однапред да се откаже од четиригодишниот буџет на ЕУ вреден 50 милијарди евра е кршење на суверенитетот и националните интереси на ЕУ. Не знаеме ни што ќе се случи во следниот квартал од годината – изјави Орбан.

Орбан рече дека финансиската помош за Украина треба да се одвои од буџетот на ЕУ.

Тој додаде дека унгарскиот предлог за создавање на такви механизми се заснова на распределба на помошта врз основа на бруто националниот приход.

– Доколку Брисел го прифати ова, тогаш ќе има помош за Украина, надвор од буџетот. Ако не, ќе ми биде жал да го стопирам овој процес – изјави Орбан.

Треба да знаете
Последни објави