Search

Евертон и Нотингем Форест се под истрага за кршење на финансискиот фер-плеј

Премиер лигата објави соопштение во кое се вели дека Евертон и Нотингем Форест се казнети поради прекршување на регулативите за финансиски фер-плеј.

Двата клуба се упатени до независна комисија за наводно прекршување на правилата за профит и одржливост за сезоната 2022/2023. Правилата на Премиер лигата на клубовите им дозволуваат загуба од од најмногу 105 милиони фунти во период од три сезони (35 фунти по сезона) пред да бидат казнети.

Клубовите кои ќе го прекршат ова правило се соочуваат со одземање на бодови. Тоа најдобро го знаат во редовите на Евертон, откако „карамелите“ веќе се казнети со одземање 10 бода за прекршоци во сезоната 2021/2022 и во моментов се жалат на таа одлука.

Премиер лигата во своето соопштение потврди дека Евертон и Нотингем ги прекршиле правилата на лигата.

Се очекува комисијата во наредните денови да донесе одлука за висината и видот на казната за Евертон и Нотингем Форест.

Треба да знаете
Последни објави