Search

Лукаревска: СДСМ ќе има одлична кадровска понуда со којашто ќе победи на изборите

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за „Топ тема” на телевизија Телма истакна дека европскиот фронт е за предвидлива иднина и сите што стојат позади тој именител треба да бидат дел од европскиот фронт.

Нема поголем предизвик од тоа да си ја зачуваме државата и само на тој начин ќе можеме да продолжиме да одиме по европскиот пат. Тоа е всушност и суштината на она што го покажуваме како политичка партија заедно со колаицијата. Враќање назад ќе биде погубно за државата. нагласи Лукаревска.

Лукаревска истакна дека во СДСМ е започната процедурата за предлагање и самокандидирање на кандидат за претседател на државата.

-Ќе ги видиме кои се предлозите, кои се имињата, квалитетите, критериумите, вредностите на сите кандидати. На крај ќе го избереме победничкиот кандидат, истакна Лукаревска.

Лукаревска додаде дека тоа ќе биде направено на конвенција, конгрес, а по извесно време СДСМ ќе има уште еден Конгрес кадешто ќе бидат утврдени пратеничките листи.

-Се уште е рано да зборуваме за носители, но ќе имаме одлична кадровска понуда, којашто ќе победи на парламентарните избори, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во интервју за „Топ тема” на телевизија Телма.

Треба да знаете
Последни објави