Search

Атинскиот аеродром планира влез на берзата и продажба на 30 од акциите

Меѓународниот аеродром во Атина „Елефтериос Венизелос“ соопшти дека планира да влезе на атинската берза и да продаде 30 отсто од акциите во сопственост на Фондот за развој на приватен имот, јави дописничката на МИА од Атина. Од атинскиот аеродром посочија дека компанијата е управувана и работи како трговско претпријатие од приватниот сектор, при што грчката држава поседува 55 отсто од акциите, од кои 30 проценти се преку Фондот за развој на приватен имот на Грција (ТАИПЕД), а останатите 25 отсто се на компанијата за холдинг и имот (EESYP), додека пак најголемиот приватен акционер е AviAlliance со нешто повеќе од 40 проценти, а семејството Копелузос поседува околу пет отсто. Во однос на предложената понуда објаснија дека акциите што моментално ги поседува ТАИПЕД ќе бидат на продажба преку јавна понуда до приватни и институционални инвеститори во Грција и преку понуда за квалификувани меѓународни институционални инвеститори надвор од Грција. Актуелниот акционер AviAlliance ќе има право да склучи договор за основен инвеститор за купување на 10 отсто од понудени акции, а семејството Копелузос ќе имаат право на еден процент. Котација на акциите на Друштвото се очекува да биде во февруари годинава.

Треба да знаете
Последни објави