Search

Чилиќ елиминиран на стартот од Австралија опен, Рубљов со многу мака мина во 2. коло

На стартот од првиот сезонски тениски гренд-слем турнир Австарлија опен, финалистот од 2018 година, Хрватот Марин Чилиќ, експресно го заврши настапот освојувајќи само еден сет против Унгарецот Фабијан Марошан, кој триумфираше со 3:1. Марошан почна фуриозно, го доби првиот сет со 6:1, но Чилиќ возврати убедливо во вториот добивајќи го со 6:2, сепак во следните два Унгарецот беше подобар (6:2 и 7:5) и дојде до победата. Голема борба во пет сета имаше на мечот меѓу Русинот Андреј Рубљов и Бразилецот Сејбот Вајлд. Русинот кој беше голем фаворит тешко дојде до очекуваниот триумф од 3:2. Рубљов имаше водство од 2:0 во сетови 7:5 и 6:4 беше во првите два сета, но Бразилецот се крена и следните два ги доби со 6:3 и 6:4. Во петтиот решавачки сет се случуваше вистинска драма. Рубљов имаше водство од 6:5, Сејбот сервираше, беше 0:40 за Русинот, но во тој гејм не искористи дури четири меч топки по што решаваше тајбрејк. Во тајбрејкот Рубљов беше подобар со 10:6 и успеа да го добие мечот со 3:2 во сетови.

Треба да знаете
Последни објави