Search

Црвена звезда најде организатор на играта од НБА!

Српскиот кошаркарски евролигаш Црвена звезда по повредите на Никола Топиќ и Немања Недовиќ, најде замена на плејмејкерската позиција во НБА. Од најсиланата кошаркарска лига на светот го ангажира Американецот Џавонте Смарт. Станува збор за 24-годишен организатор на игхрата кој првпат ќе заигра во Европа, откако досега настапуваше за Милвоки, Мајами и Филаделфија во НБА. Тој се карактеризира со извонреден шут од надворешни позиции, цврстина, брзина, како и способност за игра како плејмејкер доколку е потребно. Смарт потпиша договор со Црвена звезда до крајот на сезоната со опција на клубот да го продолжи договорот за уште една сезона. Дебито на Смарт во „црвено-белиот“ дрес се очекува на евролигашкиот меч против Басконија следната недела.

Треба да знаете
Последни објави