Search

Три ритуали кои ги практикуваат среќните парови

Во сериозните врски и бракови, секогаш постои идејата за среќа која ќе трае цел живот. Меѓутоа, она што често се случува е дека паровите, дури и оние кои мислеле дека тоа никогаш нема да им се случи, почнуваат да го земаат „здраво за готово“.

Иако има луѓе кои ќе се обидат да ве убедат дека таквите работи се нормални за сериозна врска или брак и дека секоја врска е осудена на тоа да помине периодот на страст, па дури и да има чести кавги до крајот на животот, тоа не е точно.

Постојат практични начини да се зајакне секоја врска и да се обезбеди среќна врска или брак. Во продолжение ви претставуваме три ритуали кои секој ден ги повторуваат паровите во среќни врски и бракови.

Според експертите, природно е дека во брак или сериозна врска, романтиката, наклонетоста, ценењето и комуникацијата опаѓаат со текот на времето, не затоа што паровите престануваат да се сакаат, туку затоа што им е премногу удобно заедно.

Меѓутоа, со текот на времето, земањето здраво за готово ќе почне некому да му пречи и да стане проблем. Затоа е важно да бидете свесни за она што го правите и да имате план да негувате се што е позитивно во врската.

За да избегнете ситуација во која „се земате здраво за готово“, обидете се да внесете три ритуали на среќни парови во вашиот секојдневен живот:

1. Направете навика да се поздравувате

Еден од важните моменти во секојдневниот живот е начинот на кој се поздравувате. Ако сте доследни во вашите топли, искрени поздрави, ќе уживате во секој момент кога ќе се сретнете повторно.

Ако со текот на времето ја изгубите навиката за поздравување, ќе исчезне и чувството на возбуда.

Затоа, вратете ги поздравите во вашата врска и бидете доследни. По некое време ќе сфатите дека тоа позитивно влијае на вашата врска и ќе бидете возбудени секогаш кога ќе го видите партнерот.

2. Секој ден одвојте по неколку минути за непречена комуникација

Само две минути непрекината, фокусирана комуникација може да биде подобра и поважна за врската отколку да поминете нефокусирана недела заедно.

Затоа, одвојте неколку минути секој ден за значаен разговор. На пример, можете да почнете да се будите малку порано за да разговарате со вашиот сопружник/партнер неколку минути по појадокот за претстојниот ден.

3. Практикувајте ритуал на заблагодарување секој ден

Вистина е дека паровите често земаат одредени добри карактеристики на нивните партнери здраво за готово. Тие почнуваат да го прават тоа многу брзо. Едноставно се случува да престанат да ги забележуваат сите добри работи што ги прави другата страна, а од друга страна се повеќе се фокусираат на малите маани.

Доколку ви се чини дека вие самите одите во таа насока, обидете се да вклучите ритуал на заблгодрување во вашата секојдневна рутина. Вежбајте заблагодарување – Кога ќе ви се укаже прилика, заблагодарете му се на вашиот партнер за сите големи и/или мали работи што ги направи за вас тој ден. Се разбира, важи и обратното.

По некое време, ќе бидете изненадени од количеството убави работи што ги правите еден за друг во текот на денот. Откако ќе го разберете ова, ќе станете и многу потолерантни кон грешките што ги правите.

Треба да знаете
Последни објави