Search

Обилни врнежи во Рио де Жанеиро, седум лица загинаа

Најмалку седум лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато во Рио де Жанеиро и неговата околина поради обилните дождови во тој бразилски град, соопштија вечерва локалните пожарникари.

Во некои делови на Рио де Жанеиро во изминатите 24 часа наврна повеќе дожд од очекуваното за цел јануари.

Локалните власти препорачаа да избегнуваат патувања.

Не работат десетина градски автобуски линии, а затворени се и четири метро станици поради насобирање вода на шините.

Националниот центар за следење и предупредување за природни катастрофи предупреди на „многу висок ризик“ од лизгање на земјиштето во осум општини во државата Рио.

Треба да знаете
Последни објави