Search

Зетот и ќерката на Орбан „тешки“ стотици милиони долари купија 11 згради во Белград !

Иштван Тиборч, зетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, неодамна стана тема број еден на медиумите во Србија бидејќи купил дури 11 згради во Белград. Тој со години е еден од најпознатите луѓе во Унгарија, а тој и неговата сопруга Рахел, најстарата ќерка на Орбан, се најмоќната двојка во оваа земја. Зетот на Орбан и неговата сопруга кои заедно тежат 100 милиони долари. Српските медиуми пишуваат за нивната контроверзна историја и поврзана со корупциски скандали. Иштван кој роден во 1986 година е 25-тиот највлијателен човек во Унгарија. Неговата сопруга Рахел е позната како „малечката од скандали“. За Иштван се смета дека го стекнал своето богатство преку државни провизии, наместени тендери и договори со државата. Тој никогаш не ги криел своите семејни врски со партијата на Орбан – Фидес. Пред Орбан да стане премиер во 2011 година, Иштван водел компанија за осветлување со скромни приходи. Во 2015 година неговата фирма „Елиос Иноватив“ добила работа од државата да постави ЛЕД осветлување по градовите во Унгарија и како што се наведува таа работа се покажала за 65 отсто поскапа од пазарните цени. Иштван истата година го продал својот удел во компанијата откако ЕУ започнала истрага за 35 проекти за осветлувањето кои биле поврзани со случајот. После тоа, зетот и ќерката на Орбан се испробале во секторот за недвижнини. Ја создале групацијата БДПСТ која занимава со капитални инвестиции, инвестиции во недвижен имот, реновирање на споменици, развој и работа на канцеларии и хотели. Продажбата на 11 згради во Белград е направена преку Диофа фондот кој е дел од групацијата БДПСТ. Сопругата на Иштван, Рахел често е обвинета за финансиски малверзации. Во 2019 година, нејзиниот имот беше проценет на 108 милиони евра, што ја прави една од најбогатите Унгарки.

Треба да знаете
Последни објави