Search

Годишња инфлација во Аргентина достигна 211,4 одсто, наајвисока во последните 32 години

Годишната стапка на инфлација во Аргентина достигна 211,4 отсто во 2023 година, што е највисока стапка во последните 32 години, објави денеска владината статистичка агенција INDEC.

Податоците го одразуваат силното влијание на низата шок-мерки, вклучително и девалвација од 50 отсто на националната валута, аргентинскиот пезос, од страна на десничарскиот претседател Хавиер Милеи во надеж дека ќе ја стави под контрола зголемената инфлација.

Месечната инфлација во земјата беше 25,5 отсто во декември, повеќе од двојно во споредба со 12,8 отсто во ноември, но малку под 30 отсто што владата предвиде дека ќе биде.

Претходно, во интервју за една радио станица во Буенос Аирес, претседателот Милеи рече дека ако бројките покажат помала инфлација отколку што предвидуваше владата, тоа ќе биде еден вид успех.

Во својот инаугуративен говор, Милеи најави болни мерки насочени кон спречување на хиперинфлацијата и предупреди дека тие првично ќе имаат „негативно влијание врз нивото на активност, вработеноста, реалните плати и бројот на сиромашни луѓе во земјата“.

Се проценува дека денес околу 40 отсто од населението на Аргентина живее во сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави