Search

Ќе се бара стратешки инвеститор за гасно-водородни централи во Битола и Неготино

Владата го задолжила АД ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.

На седницата донесена е Одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800MW гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300MW гасно – водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции, информираат од Владата.

Треба да знаете
Последни објави