Search

Најмалку три лица завршиле во болница: Изеле капсули за перење мислејќи дека се бонбони

Најмалку три лица се хоспитализирани откако по грешка изеле шарени капсули со детергент за перење, дистрибуирани како дел од изборната кампања во Тајван.

Локалната новинска агенција објави дека хоспитализираните луѓе мислеле дека капсулите се всушност бонбони.

Две лица на возраст од 80 и 86 години биле пуштени дома откако им биле измиени стомаците.

Капсулите беа дистрибуирани во делумно проѕирно пакување со фотографии од кандидатот на националистичката партија Хоу Ју-их и неговиот потпретседател, а на него пишуваше „Гласајте за број три“, со напомена дека секоја капсула може да измие до осум килограми алишта.

Поделени се вкупно околу 460.000 капсули.

Шефот на партискиот штаб Хунг Јунг-чанг се извини за инцидентот.

-Во следната кампања од врата до врата нема да дистрибуираме ваков вид стока – рече тој.

Треба да знаете
Последни објави