Search

(Фото) Ако ви стигне ваква СМС порака, никако не го отворајте линкот

Глобалните финансиски измами преку телефон, повторно се актуелни во Македонија.

И за време на празничните денови, на одредени телефонски броеви, стигнуваат СМС пораки за наводни нарачки.

„Вашата нарачка подлежи на царина, ве молиме одете на следниот линк за повторна испорака“ е текстот што стои во СМС пораката што деновиве стигнуваат на корисници во Македонија, а каде е наведен линк на кој се бара од корисникот да внесе лични и финансиски податоци.

Ако претходно вакви пораки доаѓаа од азиски држави (како Виетнам и Малезија) сега префиксот на дојдовната порака е +33 што е повикувачки број за Франција.

Во последните неколку месеци се случија десеттина вакви напади, по што измамени и финансиски оштетени беа стотици граѓани во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави