Search

ОЈО ги приложи сите дпокази, па затоа одлуката на Кривичен за случувањата во М-НАВ е неоснована

Случувањата во просториите на М-НАВ, од 4 јануари кога неканети гости, осумина предводени од Беким Незири партиски активист на ДУИ нападнаа тројца вработени на своите работни места во контролата за летање остануваат главна тема во македонската јавност. Сега на мета се најде и одлуката на Кривичниот суда да не им одреди мерка притвор на четворицата приоведени, додека по четворицата сеуште се трага. Од Кривичниот суд тврдат дека постапуваат врз основа на приложените докази и слободно судиско убедување, на што реагираше со жалба на одлуката од судијата на претходна постапка ОЈО. -Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована. Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото. Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, реагираат од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави