Search

Надал нема да игра на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти годинашното издание Австралија опен поради повреда.

„Здраво на сите, за време на мојот последен меч во Брисбејн имав мал проблем со мускул кој како што знаете ме загрижи. Кога дојдов во Мелбурн имав шанса да направам магнетна резонанца и имам микро кинење на мускулот, не е истиот дел каде што бев повреден и тоа се добри вести. Сега не сум подготвен да се натпреварувам на максимално ниво на мечеви во пет сета. Летам назад во Шпанија да го видам мојот доктор, да добијам некој третман и да се одморам“, напиша Надал на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави