Search

Мицкоски: Ако се случеше упад во контролата за летање во Вашингтон или Берлин, бандитите ќе беа уапсени или ликвидирани

Замислете што би се случило кога ваква бандитска група би упаднала на вашингтонскиот аеродром или на аеродромот во Париз, или на аеродромот во Берлин. Или сега би биле уапсени или би биле ликвидирани, изјави денеска Христијан Мицкоски,лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со упадот на осумтемина неканети гости во М-НАВ кои на 4 јануари годинава нападнаа вработени во контролната кула.

Мицкоски кој потенцираше дека на овој голем ден не би требало да се зборува за политика, сепак по Божиќната литургија на која присуствуваше во Соборниот храм во Скопје даде политичко видување за почетокот на новата 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави