Search

Ц. звезда лесно излезе на крај со Партизан во евролигашката пресметка

Вечното дерби меѓу српските кошаркарски евролигаши Црвена звезда и Партизан, во рамките од 19. коло од елитното клупско европско натпреварување им припадна на „црвено-белите“ (88:72). Средбата се одигра во полната „Штарк Арена“ во Белград, каде беа само домашните навивачи на Црвена звезда кои направија спектакуларна атмосфера.

Ц. звезда водеше од самиот почеток на натпреварот и на крајот заслужено стигна до победата. Најефикасен во победничкиот тим беше Недовиќ со 16 поени, додека кај „црно-белите“ најдобар беше Пантер со 17 поени.

Кошаркарот на „црвено-белите“ Џоел Боломбој пред крајот на средбата мораше да го напушти паркетот и да замине во соблекувалната, од каде по натпреварот информираа дека скршил прст на раката. Од таборот на Ц.звезда упатуваат оптимистички информации дека иако станува збор за скршеница, не се работи за повреда која што ќе го оддалечи одличниот кошаркар долго време надвор од терените.

Треба да знаете
Последни објави