Search

Уапсен маж откако пукал во кино и продавница во Англија, полицијата апелираше до граѓаните да не излегуваат надвор

Еден маж е уапсен по пукање  во Ливерпул вчера вечерта, соопшти полицијата.

Вооружената полиција покрена потера по вооружениот напаѓач по пукотниците во кино и продавница.

Полицијата во Мерсисајд соопшти дека примила извештаи за пукање во  киното на патот Источен Ланкашир вчера околу 20.30 часот, додека маж носел огнено оружје.

Инцидентот се случил 20 минути откако пукал во продавница.

Засега нема извештаи за повредени, а иако настанот не е поврзан со тероризам, станува збор за голем инцидент, додаваат од полицијата.

Претходно полицијата апелираше до граѓаните да не излегуваат надвор.

„Секој што има информации треба да се обрати во полиција“, велат властите.

Очевидецот Крег Мурхед (35) за Liverpool Echo изјавил дека 45 минути бил во зградата на киното, каде што отишол да го гледа филмот „Вонка“ со својата ќерка и нејзиниот другар, кои и двајцата имаат 14 години.

Кога филмот завршил, слушнал како полицијата влегува во задниот влез, а кога излегол во фоајето, сфатил дека киното е заклучено.

Треба да знаете
Последни објави