Search

Спасовски: Во текот на изминатата недела преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните

Во текот на изминатата недела 25.12.2023 – 31.12.2023 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните:

🔹Приведени се околу 50 лица по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, трговија со пиротехнички средства (запленети околу 44.000), фалсификуван зелен картон за возила, поседување оружје без дозвола.

🔹По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3598 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

🔹Остварени се 33 превентивни активности на теми превенција од врсничко насилство и безбедност, безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила , пиротехнички средства и заштита од пиротехника, трговија и употреба на дрога, користење зимска опрема, заштита од пиротехника, забрана за користење оружје.

Продолжуваме – транспарентно и отчетно!🇲🇰

Треба да знаете
Последни објави