Search

Се огласија поранешните американски претседатели откако беа споменати во документите за озлогласениот педофил

Стотиците страници документи содржат е-пошта и транскрипти од изјави поврзани со случајот што го покрена Вирџинија Робертс Џуфре, која тврдеше дека Епштајн сексуално ја злоставувал како малолетна. Таа, исто така, тврдеше дека Гислајн Максвел помагала во злоупотребата.

Во документите, заедно со други познати имиња, се спомнуваат и поранешните претседатели на САД Бил Клинтон и Доналд Трамп.

Запрашан за коментар за документите, Ангел Урена, портпаролот на Клинтон, изјави за Њусвик дека ништо не се променило откако тој ја објави изјавата за Епштајн во 2019 година.

Тогаш неговиот портпарол изјави дека Клинтон „не знае ништо“ за ужасните злосторства на Џефри Епштајн.

„Во 2002 и 2003 година, претседателот Клинтон имаше вкупно четири патувања со авионот на Џефри Епштајн: едно во Европа, едно во Азија и две во Африка, што вклучуваше и застанувања поврзани со работата на Фондацијата Клинтон“, се вели во соопштението за печатот, истакнувајќи дека персоналот, поддржувачите на фондацијата и Тајната служба на Клинтон патувале со поранешниот претседател.

„Тој имаше една средба со Епштајн во неговата канцеларија во Харлем во 2002 година, а во исто време направи кратка посета на станот на Епштајн во Њујорк со член на персоналот и чуварот“, се вели во соопштението.

„Тој не разговарал со Епштајн повеќе од една деценија“, се вели во тогашното соопштение, „и никогаш не бил на островот Литл Сент Џејмс, ранчот на Епштајн во Ново Мексико или во неговата резиденција на Флорида“.

Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, одговори откако поранешниот претседател беше именуван во објавувањето на судските документи, велејќи дека сите наводи во врска со односот на Трамп со Епштајн се „темелно разоткриени“.

Трамп и Епштајн биле пријатели, а републиканецот за њујоршкиот магазин во 2002 година изјавил дека го познава Епштајн 15 години и дека е одлично момче. Тој исто така леташе со неговиот авион неколкупати, иако се огради од коментарите по апсењето на Епштајн и рече дека тие не разговарале со години.

Треба да знаете
Последни објави