Search

Пукање во средно училиште во Ајова на првиот училишен ден по празниците

Канцеларијата на шерифот на округот Далас денеска потврди дека е пријавено пукање и дека „има активна истрага“ во средното училиште во градот Пери, во американската држава Ајова.

Се верува дека пукачот е мртов од самонанесена прострелна рана и дека можеби бил ученик. Тројца други се повредени, меѓу кои двајца ученици и еден вработен во училиштето, објави НБЦ њуз.

Средното училиште е дел од училишниот округ на заедницата Пери со 1.785 ученици. Четврток беше првиот училиштен ден по распустот.

Пери е мал град со помалку од 10.000 жители.

Треба да знаете
Последни објави