Search

Променливо облачно, магла и повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини и вдолж Повардарието. Во пладневните часови во западните и северните делови од земјата ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места во западните делови и повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Утринската тампература ќе биде од минус 3 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот од 6 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со магла наутро. Во пладневните часови се очекува краткотрајно да има услови за дожд. Температурата во текот на денот ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.

За утре, од УХМР најавуваат дека времето ќе биде претежно облачно, а наутро особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје и утре времето ќе биде претежно облачно и наутро магливо. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата утре ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Треба да знаете
Последни објави