Search

МВР: Четири лица вмешани во нападот врз вработени во МНАВ се во полициска станица

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ, кој беше пријавен денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица.

Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ, стои во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави