Search

Македонија го реши грчкиот-тест, Лазаров е делумно задовлен

Македонската машка ракометна репрезентација подготвувајќи се настап на Европското првенство кое од 10 јануари стартува во Германија, денеска имаше успешен тест против Грција во салата „Борис Трајковски“ (33:30). Втората контрола против истиот противник пред заминувањето на македонската експедиција за Германија ќе биде од затворен карактер. Селекторот на „црвено-жолтите“ Кире Лазаров по мечот одигран пред публика е делумно задоволен од прикажаното на паркетот. Лазаров смета дека Македонија може да игра уште подобро, а притоа посочи дека ги чека тешка работа на ЕП, бидејќи се наоѓаат во група, каде за противници ќе им бидат домашната селекција на Германија, Франција и Швајцарија. Прв предизвик за Македонија на ЕП ќе биде силната Франција, а мечот ќе влезе во историјата, бидејќи ќе се игра на фудалскиот стадион во Дизелдорф. -Имавме квалитетен противник и натпреварот го почнавме во грч, но брзо ги надминавме почетните проблеми и можам да кажам дека сум делумно задоволен со настапот. Кога се игра пред домашната публика, секогаш добивате голема поддршка, но и притисокот е голем. Немате право на грешка и мора да победите. Утре ќе играме уште еден натпревар против Грција. Денеска бевме хендикепирани затоа што ни недостигаа Пешевски и Марковски. Ние ќе играме во прво коло против најдобрата репрезентација во Европа и свет, но се подготвуваме за тој двобој и ќе дадеме сè од себе. Веруваме во добра игра, но многу работи ќе зависат од Франција. Исто така, Германија пред домашната публика ќе нема право на грешка. Нè очекува многу работа, меѓутоа од ова може многу да се добие или да се научи, порача Лазаров по мечот.

Треба да знаете
Последни објави