Search

Магла во Повардарието

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Вдолж Повардарието има магла со видливост до 100 метри.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Од ЈП Македонијапат посочуваат дека нивните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Треба да знаете
Последни објави