Search

Исламска држава ја презеде одговорност за бомбашките напади во Иран

Терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за двете експлозии на 3 јануари во Иран во кои загинаа најмалку 100 лица, а повеќе од 140 беа повредени. Експлозиите се случија во иранскиот град Керман, во близина на гробиштата каде што е погребан поранешниот командант на елитните единици „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани, кој беше убиен од американско беспилотно летало во 2020 година, објави Ројтерс.

Исламска држава објави соопштение на каналите Телеграм со кое ја презема одговорноста. Ирански официјални лица претходно го оквалификуваа нападот како терористички, но не наведоа кој би можел да стои зад него. Нападот по повод годишнината од убиството на командантот на Револуционерната гарда Касем Сулејмани ги зголеми стравувањата од поширок конфликт во регионот додека Израел ја продолжува својата војна против Хамас во Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави