Search

Израел следната недела пред меѓународниот суд под обвинение за геноцид

Пред меѓународен суд на правдата (МСП) на Обединетите нации, на 11 и 12 јануари Израел ќе одговори на обвиненијата за геноцид во Појасот Газа, откако Јужноафриканската Република започна процес пред МСП.

Судот во Хаг го објави распоредот на рочиштата вчеравечер. Јужноафриканската Република (ЈАР) ќе го изнесе своето обвинение на 11-ти, а Израел ќе се брани на 12-ти. Двете страни ќе добијат по два часа.

ЈАР, повикувајќи се на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид, во петокот поднесе документ во кој на осумдесет страници објаснува зошто верува дека Израел врши геноцид во палестинската енклава. Двете земји се потписнички на Конвенцијата.

ЈАР бара судот веднаш да дејствува и да нареди прекин на насилството врз Палестинците. Оваа африканска земја смета дека израелските напади се од геноциден карактер, бидејќи нивната цел е уништување на Палестинците во областа.

Документот вклучува обвинувања за злосторства извршени од израелската армија врз Палестинците, како и изјави на израелското раководство кои наводно укажуваат на намера за геноцид.

Лиор Хајат, портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, ги отфрла обвинувањата.

-Израел со гадење ја отфрла крвната клевета што Јужноафриканската Република ја шири со оваа жалба до МСП, напиша тој минатата недела на „Х“

Тужбата нема фактички и правни основи, напиша тој, додавајќи дека овој суд и меѓународната заедница треба целосно да ги отфрлат неоснованите тврдења на ЈАР.

Хајат тврди дека само Хамас е одговорен за страдањата во Газа и дека Израел прави се што може за да ги минимизира страдањата на цивилното население.

Треба да знаете
Последни објави