Search

Издавањето на лични документи во МТВ е без поголеми задржувања

По објавените информации во неколку портали дека за издавање на лични документи во зградата на МРТВ се чека и по неколку часа, денеска се упативме во зградата на МРТВ да провериме каква е ситуацијата.

Она што го затекнавме на лице место е дека шалтерите работат постојано и граѓаните си ги добиваат личните документи, а задржувањата за добивање документи по брза постапка се максимум дваесетина минути.

Покрај тоа, на видливи места обележано е како и каде граѓаните можат да ги подигнат документите.

Она што можевме да го забележиме е дека во тек е и реновирањето на овој објект, како што претходно најави министерот Спасовски, а што ќе овизможи многу подобри услови и за вработените во МВР и за граѓаните на кои им е потребен документ што го издава МВР.

Треба да знаете
Последни објави