Search

Дончиќ го растури Портланд, Клиперси славеа во Аризона

Изминатата ноќ во НБА лигата донесе неколку спектакуларни пресметки со брилијантни индивидуални партии.

Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над Порталнд 126:97. Словенецот постигна поен, од кои 30 во првото полувреме, а 40 во три четвртини.

Одличен беше и Кајри Ирвинг кој додаде 29 поени, шест скока и пет асистенции.

Во тимот на Портланд најефикасни беа Шејдон Шарп со 16 и Анферни Симонс со 15 поени.

Клиперси победија во Аризона 131:122, предводени од Пол Џорџ и Кави Ленард. Џорџ постигна 33 поени со седум скока, а Леонард додаде 30 поени со осум скока. Одличната вечер на Девин Букер со 35 поени и шест асистенции не им помогна на Феникс.

Добро го следеше Бредли Бил со 21 поен, но очигледно им недостигаше третиот член на „големата тројка“ Кевин Дурент.

Зион Вилијамсон ги предводеше Њу Орлеанс Пеликанс до победа над лидерот на Западот, Минесота Тимбервулвс со 117:106.

Вилијамсон постигна 27 поени со шест асистенции и четири скока за деветтата победа на Пеликанс во последните 12 натпревари.

Зионс брилијантно го следеа Си Џеј МекКолум со 24 и Брендон Инграм со 19 поени и седум асистенции, додека Херберт Џонс додаде 16.

На „волците“ не им помогнаа ниту 35 поени од Ентони Едвардс.

Сакраменто Кингс по две продолженија го совладаа Орландо Меџик со 138:135.

Кралевите беа предводени од Малик Монк со 37 поени со девет асистенции, додека Киган Мареј додаде 28 со 12 скока.

Домантас Сабонис забележа импресивен трипл-дабл со 22 поени, 23 скока и 12 асистенции.

На Меџик не им помогнаа ниту 43 поени од Паоло Банкеро, кој погоди девет тројки.

Индијана Пејсерс постигна 47 поени во третата четвртина и го совлада Милвоки Бакс со 142:130.

Тајрис Халибартон ги предводеше Пејсерси со 31 поен и 12 асистенции.

Бенедикт Матурин додаде 16 поени, а Брус Браун, Мајлс Тарнер и Оби Топин постигнаа по 15.

Бакс паднаа и покрај одличната игра на стартерите, сепак резервите не им помогнаа многу.

Блиску до трипл-дабл беше Џанис Адетокумбо со 26 поени, 11 скока и осум асистенции.

Демиен Лилард додаде 23 поени, 19 постигна Крис Мидлтон, а 16 Брук Лопез.

Мечот на вечерта се играше во Јута каде беа забележани дури 302 поени.

Домашниот Џез го победи најлошиот тим во лигата, Детроит Пистонс, со 154:148 по едно продолжение.

Јута ја предводеше резервистот Џордан Кларксон со 36 поени и шест скока, од кои 29 во вториот дел.

Одличен беше и Финецот Лаури Марканен со 31 поен, а Колин Секстон додаде 25 поени.

На Пистонси не им помогнаа ниту 36-те поени на Бојан Богдановиќ кои фантастично ги следеше младиот Кејд Камингем со 31 поен со 13 асистенции и 5 скока.

Треба да знаете
Последни објави