Search

Голем француски трговски синџир: Веќе нема да продаваме Пепси Кола

Францускиот ланец на продавници „Карфур“им порача на клиентите дека повеќе нема да ги продава производите на американскиот прехранбен гигант ПепсиКо, безалкохолните пијалоци „Пепси“ и „7ап“ и чипсот „Лејс“, бидејќи станале прескапи.

„Карфур“ од денеска ќе поставува натпис на полиците на производите на „Пепси Ко“ во продавниците во Франција: „Веќе нема да го продаваме овој бренд поради неприфатливо зголемување на цената“, изјави портпаролот на францускиот трговски синџир.

Постојните производи на ПепсиКо нема да бидат повлечени од полиците, бидејќи луѓето не можат да бидат спречени да ги купуваат производите кои се веќе изложени, рече портпаролот.

ПепсиКо се уште не одговорил на одлуката на францускиот ланец на продавници.

Американската компанија во октомври објави дека планира „малку да ги зголеми цените“ и во 2024 година, а минатата година веќе ги покачи три пати.

Треба да знаете
Последни објави