Search

Во мароканско пристаниште запленети 1,5 тони кокаин

Мароканската полиција во соработка со шпанските власти во пристаништето Тангер-Мед заплени 1.488 килограми кокаин. Пратката пристигнала од Јужна Америка и била на пат кон турско пристаниште, пишува Крајмсајт.

Операцијата беше можна благодарение на дојавата на шпанските безбедносни служби, кои соработуваат со мароканските власти во борбата против прекуграничниот криминал. Според соопштението на Националната служба за безбедност (DGSN), ова е една од најголемите заплени на кокаин во историјата на Мароко.

При рација на товарен брод кој пловел под знаме на европска земја, во пристаништето Тангер-Мед биле пронајдени вкупно 1.277 блокови кокаин, скриени во контејнер на бродот. При мерењето стана јасно дека вкупната количина на кокаин изнесува 1.488 килограми. Товарот дошол од јужноамериканско пристаниште и бил на пат за Турција, што според властите „го нагласува широкиот дофат на криминалната мрежа“.

Мароканската полиција истражува кој е одговорен за пратката и кои осомничени се вклучени во криминалната мрежа.

Треба да знаете
Последни објави