Search

Владата во вторник ќе го разреши раководството на М-НАВ

По бурните случувања деновиве во М-НАВ, каде денеска ситуацијата кулминираше со упад на неканети гости, кои ги нападнале физички вработените вечерва веднаш се огласија од Владата на С. Македонија со информација дека овие настани ќе бидат ставени на дневен ред веднаш по празниците.

Ве информираме дека на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за во вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,

2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Воедно, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај  да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави