Search

Барселона од сомнителен пенал во 93 минута го победи Лас Палмас

Фудбалерите на актуелниот шпански првак Барселона со гол од пенал во судиското продолжение, 93 минута победија на гостувањето кај Лас Палмас (2:1) во последниот меч од 19. коло во Ла-лигата.

Мизеријата на Каталонците продолжи и на стартот на новата година откако нивниот поранешен фудбалер Мунир Ел Хадади во 12. минута донесе водство од 1:0 за домашниот тим. На стартот на второто полувреме избраниците на Чави Хернандез успеаја да се вратат во игра и во 56. минута да израмнат на 1:1 преку Феран Торес.

Барселона стигнаа до победа откако Гундоган премногу лесно падна во противничкиот шеснаесетник по што неговиот тим доби пенал, а Сингравен црвен картон. Пеналот успешно го реализираше германскиот репрезентативец за триумф од 2:1.

Треба да знаете
Последни објави