Руски Газпром го собори рекордот за испорака на гас за Кина

Рускиот енергетски гигант Газпром во средата објави дека претходниот ден поставил нов рекорд во испораката на гас за Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, пренесува Кликс.

„Газпром“ не даде попрецизни податоци за новиот дневен рекорд, но наведува дека вкупниот извоз на гас во Кина преку овој гасовод достигнал 22,7 милијарди кубни метри во 2023 година. Тоа е речиси 1,5 пати повеќе од 15,4 милијарди кубни метри во 2022 година.

Русија ја зголемува испораката на гас за Кина за да ја надомести загубата на најголемиот дел од извозот во Европа од почетокот на војната во Украина, што ги натера западните земји да воведат санкции кон Москва и да ја намалат нејзината зависност од руските енергетски испораки.

Гаспром, исто така, објави дека извозот во Кина во 2023 година бил за 700 милиони кубни метри, или за 3,2 отсто, поголем од договорно обврзувачкиот. Тој повтори дека гасоводот Моќта на Сибир ќе го достигне својот целосен извозен капацитет од 38 милијарди кубни метри во 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави