Ахмети го прослави роденденот со музика во кабинетот на Груби

Првиот потпретседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави видео од својот партиски лидер Али Ахмети на кое тој пее албанска народна песна, во придружба на музичари со традиционални инструменти.

До лидерот на ДУИ, седи уште едно лице, покрај кое се гледа чад, кој можеби е од цигара. Поводот бил роденденот на Ахмети.

Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години, напиша на Фејсбук, Груби за својот партиски шеф Али Ахмети.

Треба да знаете
Последни објави