Search

Херл славеше во Инсбрук на „Четири скокалници“

Новогодишната ски-скокачка серија „Четири Скокалници“ денеска во Инсбрук го имаше третото издание во кое триумфираше Јан Херл од Австрија.

Херл направи изненадување со два скока кои му донесоа 267,5 бодови, односно девет повеќе од второпласираниот Рију Кобајаши од Јапонија.

По трите скокалници, во генералниот пласман води Кобајаши со 857,6 поени, односно 4,8 бода повеќе од Андреас Велингер, додека Херл е трет со 834 бода.

Последната серија на турнејата „Четири скокалници“ ќе се одржи во Бишофсхофен.

Треба да знаете
Последни објави