Search

Тетовец пронашол торба со пари и ја вратил на сопственикот

Тетовец нашол торбичка во која имало пари во динари и во евра, банкарски картички, клучеви и лични документи. Тој ја предал на полицијата и побарал да го пронајде сопственикот и да му го врати загубеното.

Торбичката од невнимание му испаднала на скопјанец, кој патувајќи по автопатот кон Тетово застанал на бензинска пумпа. Полицијата веднаш почнала со потрага по сопственикот на торбичката и го пронашла за околу три и пол часа. Тој бил жител на Скопје кој патувал кон Охрид, најверојатно за дочек на Новата година.

„На 31 декември 2023 година во 10 часот и 45 минути на патролна служба пред влез на Тетово кај клучка Север ѝ пришло лице кое носело торбичка и информирало дека ја нашло на бензинска пумпа. По преземени мерки, полициски службеници околу 14 часот и 20 минути го нашле сопственикот и му го вратиле сето тоа. СВР Тетово ја поздравува постапката на тетовецот и апелира граѓаните да го следат овој пример“, велат од СВР Тетово за сдк.мк.

Треба да знаете
Последни објави