Search

При претрес во викенд-куќа во Чучер Сандево пронјадена дрога

Денеска (03.01.2024) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во викенд куќа кај С.Н. во скопско Чучер Сандево.

За време на претресот во објектот се затекнати и Х.С.  и Г.Г.. При тоа, кај Г.Г. е пронајдена прашкаста материја, а во стара куќа во склоп на дворот пронајдена е грутчеста материја. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави