Search

Првиот синдикалец на М-НАВ повикан во полиција

Првиот синдикалец на М-НАВ, Александар Тасевски, денеска бил повикан во полициска станица да даде изјава, затоа што упатувал закани преку Фејсбук кон раководството на Контролата на летови.

Тасевски појасни дека не се заканувал, туку дека ги откривал злоупотребите на раководителите за новите вработувања. Детали најави дека ќе соопшти утре.

Во полиција бил пријавен од менаџментот на М-НАВ.

Треба да знаете
Последни објави