Кога и колку е добро да се користи како суплемент витаминот Д

Нема потреба да се трошат пари за витамини, ако не знаеме како да ги користиме, кога и во какви количини. Треба да се зема доза која организмот на најдобар можен начин ќе ги абсорбира. Овие правила се посебно заначајни во зимскиот период кога многу луѓе употребуваат зголемен број на витамини за да се заштитат од вирусните инфекции. Во овој период од годината луѓето го земаат многу повеќе од вообичаено витаминот Д како суплемент, бидејќи во другите годишни времиња, а посебно во лето тој се абсорбира во организмот со изложувањето на сонце.

Витаминот Д помага при абсорпција на калциумот, што помага за формирање и одржување на силни коски. Калциумот и витаминот Д можат да помогнат при заштита од остеопороза, болест која го осабува скелетот и го зголемува ризикот од скршеници на коските. Без доволно витамин Д, имунолошкиот систем многу потешко ќе се справува со бактериите и вирусите. Поголемиот број на возрасни луѓе меѓу 19 и 70 години треба да земаат од 15 до 20 микрограми витамин Д на ден. Препорачливите дози се разликуваат за повозрасните и помладите лица. Некои лица треба земаат повеќе од препорачливата доза на витамин Д за својата возрасна група. На пример мајките кои дојат треба да се консултираат со лекар во врска со внесувањето на витаменот Д, бидејќи мајчиното млеко не го обезбедува за бебињата во доволна мера витаминот Д.

Покрај дозата која е препорачлива да се зема и да биде од корист за организмот, важно е и да не се претера со користењето на витаминот Д. Горната дневна граница за сите лица постари од девет години е 100 микрограми, освен ако лекар не пропишал поинаку. Во кој период од денот да се корсити не е многу значајно, ако се зема со храна. Може да се зема кога ќе се сетите, наутро, попладне или навечер, но тоа да биде за време на оброк.

Многу високо ниво на витамин Д може да предизвика повраќање, слабост во мускулите, збунетост и болка. Екстремно високот ниво на овој витамин во организмот може да предизвика и бубрежна инсуфициенција, неправилна работа на срцета па дури и смрт.

Треба да знаете
Последни објави