Search

Калиниќ се врати во Хајдук, Трајковски му го отстапи дресот со бројот 9!

Сплитски Хајдук прави се сезонава да ја освои титулата во хрватското фудбалско првенство. Се е подредено да се оствари целта. Раководството на „белите“ од Пољуд го вратија некогашниот хрватски репрезентативец, 35- годишниот голгетер Никола Калиниќ, кој прифати да игра за само 1 евро месечно. Во оваа акција своја улога одигра и македонскиот интернационалец Александар Трајковски, кој ведна се согласи доброволно да му го отстапи дресот со бројот 9.

Калиниќ денеска потпиша договор со важност до крајот на сезонава откако претходните месеци паузираше и се подготвуваше. Тој во минатото секогаш кога играше за Хајдук, носеше деветка на грбот. Трајковски без размислување му го врати препознатливиот број и во продолжението од сезоната ќе носи дрес со бројот 27.

Треба да знаете
Последни објави