Search

Иран: Над 70 загинати во експлозии на одбележувањето на годишницата од убиството на генерал Касим Сулејмани

Најмалку 70 лица загинаа во експлозија во иранскиот град Керман, во близина на гробиштата каде што беше погребан поранешниот командант на иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани, јавија денеска иранските државни медиуми.

Според иранската новинска агенција ИРНА, во Керман се слушнале две експлозии, по повод четвртата годишнина од неговото убиство. На местото на несреќата пристигнале голем број амбулантни возила со кои повредените се пренесени во локалните болници.

Генерал-мајор Касем Сулејмани ги предводеше иранските сили Кудс две децении и беше шеф на надворешните операции на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (IRCG) беше убиен во американски воздушен напад во близина на Багдад во јануари 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави