Search

ЕУ го санкционираше најголемиот руски производител на дијаманти

Европската унија денеска воведе санкции за најголемиот светски производител на дијаманти „Алроса“ и извршниот директор на таа руска компанија Павел Алексејевич Мариничев.

Од Брисел беше соопштено дека компанијата претставува важен дел од економскиот сектор кој на Москва и обезбедува значителен приход и дека проширувањето на листата на санкции е доказ за „непоколебливата посветеност“ на Украина во војната против Русија.

Средствата на „Алросе“ во Европа ќе бидат замрзнати, а на граѓаните и компаниите на ЕУ ќе им биде забрането да ставаат средства на располагање на компанијата.

Со забрана за патување во Европа се соочува и Мариничев, кој беше именуван со тригодишен мандат во мај минатата година.

Ограничувањето на увозот на руски дијаманти во земјите од Г7 и испораката на дијаманти во Европската унија како дел од 12-от пакет санкции на ЕУ стапи на сила на 1 јануари.

Треба да знаете
Последни објави