Дефанзивци го качуваат Реал Мадрид на врвот

Трофејниот шпански фудбалска ла-лигаш Реал Мадрид не блеска, но победува минимално и прави чекори поблиску до нова шампионска титула. Многу потешко од очекувањата, „кралевите“ ја победија Мајорка на домашен терен со 1:0 и по 19. коло сигурно ќе бидат лидери на табелата во шпанското првенство. Дефанзивците на „кралевите“ го туркаат Рела кон тронот. Во претходното коло против Алавес во Виторија победата ја обебзеди Лукас Васкез, сега друг дефанзивец во тимот – Антонио Ридигер. Германскиот репрезентативец Ридигер погоди на девет минути пред крајот со фантастичен удар со глава по центаршутот на Лука Модриќ од корнер. Ова е трета победа по ред и вкупно 13. натпревар без пораз на Реал во домашното првенство. Вечерва Жирона против Атлетико Мадрид има можност да се израмни со мадридскиот тим и да ја продолжи борбата за титулата со него.

Треба да знаете
Последни објави