Search

(ВИДЕО) Снимен моментот на страшната експлозија во Иран: Бројот на загинати се искачи на 103

Најмалку 103 лица загинаа, а најмалку 170 се повредени во две експлозии во близина на гробишта во иранскиот град Керман, каде се одбележуваше годишнината од смртта на командантот на иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американски дронови пред четири години.

Објавена е и снимка од моментот на една од експлозиите. Иако експлозијата не се гледа, таа јасно се слуша, а момент подоцна се слуша силен врисок, а потоа завладеела општа паника. На видеото се гледаат и возила за итни случаи кои се пробиваат низ толпата.

Иранската новинска агенција Nournews наведува дека „неколку плински боци експлодирале на патот што води до гробиштата и дека властите ја следат ситуацијата“.

Иранските државни медиуми цитираа изјава на локален функционер дека се уште не е јасно дали станува збор за терористички напад. Стотици Иранци се собраа на церемонијата за да ја одбележат годишнината од убиството на Сулејмани.

Треба да знаете
Последни објави