Search

Велика Британија: Илјадници лекари започнаа шестдневен штрајк

Илјадници лекари во Велика Британија денеска ја прекинаа работата и започнаа шестдневен штрајк кој ќе биде најдолг во историјата на Националната здравствена служба на државата.

Менаџерите на болниците рекоа дека десетици илјади прегледи и операции ќе бидат откажани низ Англија и Велс за време на штрајкот на помладите лекари во првите години од нивната кариера, пренесува RSE.

Оние лекари, кои се столб на болничката и клиничката нега, планираат да престанат со работа до седум часот наутро следниот вторник.

Болниците мораа да регрутираат постари лекари и други медицински лица за покривање на услугите за итни случаи, интензивна нега и породилно.

Џулијан Хартли, главен извршен директор на Здружението на менаџери на NHS, рече дека штрајкот е организиран во еден од најтешките периоди од годината за здравствената служба, „веднаш по Божиќ и Нова Година“, кога владеат грип и СОВИД.

– Затоа значително ќе влијае на пациентите, рече тој.

Здравствениот сектор во Британија минатата година забележа серија штрајкови со барање за зголемување на платите за да се надоместат зголемените животни трошоци.

Штрајковите го зголемија притисокот врз и онака преоптоварената здравствена служба, која сè уште се бори со заостанати случаи создадени за време на пандемијата на коронавирус.

Медицинските сестри, екипите на брзата помош и постари лекари постигнаа договори за плати со владата, но синдикатот што ги претставува помладите лекари е изоставен и преговорите заглавија.

Владата вели дека нема да води дополнителни разговори доколку лекарите не го прекинат штрајкот, додека синдикатот вели дека нема да преговара доколку не добие „веродостојна“ понуда за плата.

Треба да знаете
Последни објави