Search

Првиот добитник на лотаријата „Пауербол“ во новата година ќе добие премија од 842,4 милиони долари

Жител на Мичиген, чие идентитет не е објавен, е првиот добитник на голема лотариска награда во 2024 година која изнесува 842,4 милиони долари. Наградата на лотаријата „Пауербол“ која се организира во 45 сојузни држави на САД, во дистриктот Колумбија, во Порторико и на Девствените острови кон крајот на минатата година порасна од 810 на 842 милиона. Ова е петта најголема премија на лотаријата „Пауербол“ и 10. во споредба со другите лотарии во САД, пренесува Асошиејтед прес. Шансите за добивка на „Пауербол“ лотаријата се 1:292,2 милиона. Добитникот на лотаријата може да бира – дали да му се исплаќаат 842,2 милиона во наредните 30 години или еднократно да му се исплатат 425,2 милиони долари. Двете суми не вклучуваат данок кој добитникот мора да го плати. Втората награда од милион долари ја добија четири тикети од Калифорнија, од Конектикат, од Флорида и од Мериленд. Два тика во Тексас на Флорида добија по два милиона долари.

Треба да знаете
Последни објави