Search

Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети вечерва е приведен

Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства, соопшти вечерва МВР

Според извори на 24инфо.мк од МВР неофицијално станува збор за лице кое е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети – Дрин Ахмети кој го купи трговскиот центар Соравија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави