САД: Ќе го спречиме секој обид за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина

САД стојат цврсто на ставот дека нема да дозволат отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и ќе реагираат на таквиот обид за прекршување на Дејтонскиот договор, потврди американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан.

„Разговаравме за тоа во Дејтон и сите таму разбраа дека нема право на отцепување. Точка. САД ќе дејствуваат ако некој се обиде да го промени овој основен елемент на Дејтон“, рече О’Брајан во изјавата објавена на неговиот официјален профил на социјалната мрежа „Икс“.

Тој со тоа ја потврди реакцијата од американската амбасада во Сараево во четвртокот, во која исто така беше наведено дека лидерот на босанските Срби Милорад Додик греши ако мисли дека САД ќе застанат настрана додека ја турка БиХ во нови конфликти.

Овие реакции се резултат на најавата на Додик дека РС ќе прогласи независност истиот ден кога високиот претставник Кристијан Шмит би наметнал закон за статусот на државната сопственост.

Треба да знаете
Последни објави