Search

Јокиќ кога ќе заврши со кошаркарската кариера сака да биде непрепознатлив

Двократниот МВП играч во најсиланта кошаркарска лига на светото – НБА, српскиот интернационалец Никола Јокиќ од редовите на актуелниот шампион Денвер, не е воодушевен од тоа што неговата популарност не му дозволува да има приватност во животот. Јокиќ во разговор со својот соиграч, Мајкл Портер Џуниор откри дека воопшто не му се допаѓа тоа што е популарен, па затоа кога ќе ја заврши играчката кариера планира да се повлече од јавната сцена и никој повеќе да не го вознемирува и препознава.

–На некои луѓе им годи да бидат познати, славни.. на некои не. Кога ќе ја завршам кариерата навистина сакам никој да не ме познава. Посакувам моето дете да ме памети како татко. Мислам дека тоа е најголемата цел во мојот живот, вели Јокиќ и додава: Не ми се допаѓа овој живот, ние сме кошаркари и само сме добри во тоа што го правиме. Но, медиумите се цело време околу нас, а секако дека добиваме голема плата поради медиумите, поради тоа што сме популарни. Тажно е што кога одите во бар, ресторан, некој меч, луѓето цело време ги вадат телефоните и ве снимаат. Мислам дека тоа е грубо. Јас не сум надвор за да се покажам.

Јокиќ и додека игра го кристи секој момет да биде настаран од големата сцена. -Друга цел ми е да немам телефон. Сакам да го живеам моментот, да бидам нормален човек. Да одам на пијачка со другарите, на ручек, да си играм со детето, да јавам коњи и никој да не прави голема работа од тоа, вели српскиот репрезентативец.

Треба да знаете
Последни објави